Косовски медиуми „открија“ „руска шпионска мрежа“
Како шеф на „разузнавачката мрежа“ Албанците ја посочуваат Драгана Трифковиќ - српски политичар и публицист, која никогаш не ја криела својата проруска ориентација. Меѓу припадниците на „нелегалната организација“ се наведени голем број активни и отворени противници на косовската независност, пишува изданието. Сите тие се противат на политиката на Белград, насочена, според нив, кон постепено фактичко признавање на независноста на Косово. Според претставници на српски невладини организации на Косово, материјалот на сајтот на РТК е не само провокација, туку и список на лица за отстрел.
„Блумберг“: Русија ја обновува „големата игра“ на Балканот
Особената опасност на оваа листа се состои во тоа што ги изложува животите на лицата наведени како припадници на „мрежата“ на непосредна опасност и понатаму целата одговорност за нивното здравје и безбедност ќе лежи врз властите во Приштина. Во сегашната ситуација на Косово, излегувањето на ваква публикација е директен повик кон насилство и линч, пишува „Руски експрес“.
Весникот потсетува дека пред 13 години поради слични материјали, од истите извори, дојде до мартовските погроми кои завршија со жртви меѓу српското население и уништување на куќи, цркви и манастири.
„Руски експрес“ смета дека со оглед на фактот дека од неодамна регионалните медиуми објавуваат „лажни вести“ за вмешаноста на „Русите“ за активирање на било какви протестни расположенија на Балканот, појавата на ова а публикација е јасен знак дека во регионот започнува голема, координирана од страна на надворешни сили, кампања против Русија. Таа е пред сѐ насочена кон луѓе кои претходно изјавиле дека ја гледаат иднината на нивните држави во сојуз со Русија.