Лукашенко: Нашата братска Украина војува за независност
Лукашенко изјави дека Белорусија „многу евтино“ се стекна со независност, додавајќи дека за неа „сите луѓе војуваа“, а сега „војува нашата братска Украина“, пренесува „Взгљад“.
Лукашенко: Белорусите се подготвени да гинат за Русија
Според него, криза како украинската не треба да се случи во Белорусија. „Не смееме да дозволиме да војуваме. Ние сме мирољубив народ“, изјави Лукашенко, додавајќи дека главниот правец на борбата за независност на неговата земја е економијата.
Во врска со тоа, Лукашенко повика да се забрза темпото на економски развој, пренесува БелТА.
Лукашенко даде ваква изјава по повод спорот меѓу Москва и Минск за испораките на нафта. На 20 јануари Лукашенко изјави дека намалувањето на испораките на руска нафта за Белорусија треба да се замени со алтернативни варијанти.