Трамп и Меј: Рано е да се зборува за укинување на санкциите
„Преарано е да се зборува за тоа“, изјави претседателот на САД, пренесува РТ на руски.
„Ние би сакале да градиме прекрасни односи со многу земји“, рече Трамп.
Медиуми: Трамп подготви указ за укинување на антируските санкции
Тој додаде дека се можни „прекрасни односи со Русија. Но, исто така, можно е и тоа да не се случи“.
Меј изјави дека е рано да се зборува за укинување на санкциите пред да се исполни „Минската спогодба“.
„Велика Британија ќе инсистира и ќе апелира до европските партнери санкциите против Русија да останат до реализацијата на „Минската спогодба“, изјави таа.