Кремљ ги коментираше условите на САД за укинување на санкциите
Новинарите ги интересираше дали Москва има намера да преземе какви било дејствија во врска со изјавата на Белата куќа дека еден од условите за укинување на антируските санкции е заедничката борба против терористичката група „Исламска држава“.
Трамп и Меј: Рано е да се зборува за укинување на санкциите
„Засега не можам да ви одговорам на ова прашање. Повторно, уште еднаш ќе повторам, и нашиот претседател сосем недвосмислено изјави дека прашањето на санкциите не е прашање на нашата агенда и претседателот нема намера на било каков начин да го поставува тоа прашање“, истакна Песков.
„Што се однесува до борбата со тероризмот, тоа е сосема друга димензија. Да кажеме дека соработката во оваа сфера не треба да биде условена од нешто, таа е од витална важност за сите држави во светот“, додаде портпаролот на рускиот претседател, пренесува РИА „Новости“.