Кремљ го коментираше влошувањето на ситуацијата во Донбас
„Кремљ е премногу загрижен поради она што се случува на линијата на разграничување“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.
Украина ја обвинува Русија за заострувањето на ситуацијата во Донбас
„Тие (украинските безбедносни сили) ја премината линијата на разграничување со поддршка од артилеријата. Доброволците од Донбас мораа да дадат отпор на подрачјето на Авдеевка, мораа да ја бранат заземената територија. Таа инвазија беше пресечена“, истакна тој.
Песков изјави дека Кремљ жали поради загинувањето на луѓето и од двете страни како резултат на нападот.
Кремљ потенцира дека властите на Украина свесно одат на откажување од реализацијата на „Минската спогодба“, без оглед на тоа што потписот на Киев стои на тој документ.