Украина ја обвинува Русија за заострувањето на ситуацијата во Донбас
Во понеделникот властите на самопрогласената ДНР соопштија за ескалација на конфликтот во Донбас: повеќе од десет украински припадници на безбедносните сили беа убиени во уште еден обид да се нападнат позициите на доброволците. Притоа Киев ги обвини претставниците на самопрогласената република за обидот за напад.
Песков: Киев сам се одрекува од Донбас
Поради борбените дејствија беше оштетена мрежата која ги снабдува со електрична енергија фабриката за кокс и градот Авдеевка. Без струја останале и Донецката филтер-станица, која ги обезбедува со вода Донецк, Авдеевка и редица населени места.
Украинското МНР смета дека ситуацијата е „дрско игнорирање“ на обврските од страна на Русија во рамките на „Минската спогодба“.
МНР Украина додава дека Киев се обратил до „меѓународните партнери“ со барање да се изврши притисок врз Москва, пренесува РИА „Новости“.