Лавров: Изјавите на Трамп даваат надеж
Изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп за намерата да воспостави дијалог со Русија даваат надеж за напредок во односите меѓу Москва и Вашингтон, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.
Трамп ги оцени перспективите на своите односи со Путин
„Се разбира, ние внимателно го следевме она што Трамп го зборуваше за Русија во периодот на изборната кампања и по победата на изборите. Ставот кој тој го изјави за неопходноста од изградба на нормален дијалог меѓу нашите земји дава определена надеж за позитивни исчекори во билатералните односи“, изјави Лавров во интервју за австрискиот магазин „Профил“.
Министерот потенцираше дека „доколку се има заемна заинтересираност Русија и САД, несомнено, се способни не само да се придвижат нанапред во решавањето на билатералните прашања, туку и да дадат заеднички придонес во ефикасното надминување на клучните проблеми на денешницата“.
„Особено е потребна координација на напорите на нашите земји во борбата со меѓународниот тероризам“, истакна Лавров, пренесува „Интерфакс“.