Лавров објасни зошто Русија воведе возвратни мерки на санкциите на ЕУ
Руското ембарго на прехранбени производи против европските производители беше реципрочна и чесна мерка, не смееше да се дозволи нелојална конкуренција од страна на производителите од ЕУ при воведувањето на санкциите од Брисел, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.
Како руската економија „исплива“ од 2016 година?
„Ние ги воведовме санкциите како контрамерка поради една многу едноставна работа. Европските санкции ја ограничуваат можноста нашите банки да добиваат заеми за финансирање на земјоделието, што би значело дека земјоделците од ЕУ на рускиот пазар би имале добивка поради услови на нелојална конкуренција. Ние требаше да направиме сѐ на чесен начин. Тоа е сѐ“, изјави Лавров во интервју за австриското списание „Профил“.
На прашањето под кои услови Русија ќе ги укине рестриктивните мерки против ЕУ, министерот изјави дека ова прашање „не треба да биде адресирано до мене“.
„Не ги инициравме ние санкциите и не треба ние да ги укинеме“, потсети Лавров.