Проди: Италија треба да ја врати Русија во Г-8
„Задачата на Италија како земја-претседавач на Г-7 е да направи сѐ што е можно за постепено враќање на Русија за работа во форматот Г-8“, го цитира Проди „Тискали“.
Тој исто така смета дека е потребно да се заземе позиција на зближување пред тоа да го стори претседателот на САД Доналд Трамп.
Кремљ: Русија не планира скоро враќање во Г-8
„Поканата за Русија на следниот самит на Г-7 (во мај) се чини можна со оглед на неочекуваните и речиси неверојатни чекори на Доналд Трамп за нормализирање на односите со Владимир Путин“, објаснува Проди.
Претходно италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано изјави за можноста за обнова на „Големата осумка“ со учество на Русија.
Од 1 јануари 2017 година Италија стана претседавач на Г-7, пренесува РТ на руски.