Могерини: ЕУ подготвена за соработка со Русија околу Либија
„Ако успееме да работиме во тој правец со Русите, тоа ќе биде само позитивен момент“, изјави Могерини, пренесува RT.
Конфликтот во Либија: Бара ли Русија сојузници?
Покрај тоа, таа соопшти дека следната недела планира да се состане со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и да дискутира за голем број прашања, вклучувајќи ја и Либија.
Претходно заменик-премиерот на Либија Ахмед Мајтиг изјави дека владата на национално единство е подготвена да ја поддржи секоја дипломатска инцијатива на Русија за воспоставување политички дијалог во земјата.