Качински: Му реков на Порошенко дека со Бандера нема да влезе во Европа
Украина нема да може да стане членка на европската заедница доколку продолжи да го гради националниот идентитет врз култот на Степан Бандера, изјави во интервју за неделникот Do Rzeczy лидерот на полската владејачка партија „Право и правда“ Јарослав Качински, пренесува TVP.Info.
Кои се тие бандеровци?
„Ние со години не можеме да се согласуваме на формирање во Украина култ на луѓе кои посегнаа по геноцид спрема Полјаците. Без оглед на тоа што бруталноста на Германците беше тешко да се надмине, ним тоа им успеа“, изјави Качински.
Тој смета дека се работи за прашање на определен избор на Украина.
„Јасно му кажав на претседателот Порошенко, дека со Бандера нема да влезат во Европа. За мене тоа е апсолутно јасно прашање. Ние покажавме огромно трпение, но тоа не е безгранично“, додаде политичарот.
Претходно Качински изјави дека украинско-полските односи се доведени во прашање, пренесува „Шариј.нет“.