Во Таџикистан руски снајпери гаѓаа ореви на 150 метри
Снајперските единици на руската 201 воена база, распоредени во Таџикистан, реализираа неутрализација на малку забележливи цели на полигонот Љаур на падините на Источен Памир. Како цели користеа ореви, соопшти прес-службата на Централниот воен округ.
СВД – незаменлива снајперска пушка
„Покрај стандардните цели, поставени на растојание од 800 метри, стрелците одработија гаѓање по малогабаритни цели кои се слеваат со пустинско-планинска средина, за што војниците искористија ореви, поставени на растојание од 150 метри“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Според податоците на ЦВО, снајперите исто така одработиле притаено движење на терен со коплексен релјеф и техники на контраснајперска борба.
201 воена база распоредена во Душанбе и Курган-Тјубе е најголемиот руски воен објект надвор од границите на Русија. Според потпишаниот договор во октомври 2012 година, единицата ќе остане во Таџикистан до 2042 година.