Кремљ категорично ги демантира обвинувањата дека сто зад убиството на Гиви
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека убиството на командантот на баталјонот на бунтовниците „Сомалија“, Михаил Толстих-Гиви, претставува уште еден очигледен обид за дестабилизација на ситуацијата во Донбас.
Медиуми: Што се знае за загинувањето на легендарниот командант „Гиви“?
„Очигледно се работи за обиди за дестабилизација на ситуацијата во Донбас. Се разбира, се надеваме дека постои извесна резерва на стабилност и дека оние кои стојат зад ваквите убиства нема да успеат да предизвикаат понатамошна ескалација“, изјави Песков, пренесува „Взгљад”.
Кремљ отфрла секакво обвинување за вмешаност во овој настан.
„Ние апсолутно и недвосмислено (...) ги отфрламе обвинувањата против руската страна за вмешаност, за тоа не може да стане ни збор“, изјави Песков.