Трамп и Путин планираат да ја прекројат картата на Европа
Доналд Трамп и Владимир Путин сигурно ќе се обидат да ја „прекројат картата на Европа по свое“. Ова го изјавија угледни француски политичари на чело со поранешниот премиер на земјата, а денес шеф на комитетот за европски прашања во францускиот Сенат Жан Пјер Рафарен, кои се наоѓаат во посета на Лондон.
Како што пишува „Индепендент“, според нив, американскиот претседател би можел да ја искористи за ослабување на Европската унија желбата на Лондон по „Брегзит“ да склучи трговски договор со Вашингтон.
Година на руските победи. Што понатаму?
Британската влада веќе навести колку е важни за неа да воспостави добри билатерални односи со САД по излегувањето од ЕУ. Француските претставници се плашат дека во својата антиевропска политика Трамп ќе го тестира единството на унијата, поттикнувајќи ги нејзините членки на склучување такви билатерални договори, пишува британскиот весник.
Истите методи би можел да ги употреби и Владимир Путин за да ја дестабилизира Алијансата, сметаат француските политичари. „Со Русија треба да почекаме, но господинот Путин ја гледа Европа во контекст на НАТО и тој исто така смета дека е пологично и за него поповолно воспоставувањето билатерални односи“, го цитира весникот нивното мислење, пренесува RT.
Според нив, народот во Европа не сака рушење туку зајакнување на Европската унија, а Европа од кризите станува само посилна, ги пренесува нивните зборови „Индепендент“.