„Хирург“ го претстави новиот руски мотоцикл „Волк“
Идејата за изработка на мотоциклот „Волк“ се родила пред повеќе години. Залдостанов вели дека секој пат кога седи на мотоцикл од странско производство има „чувство на недовршеност“. А Русија е голема држава, додава тој, која произведува современи воени авиони, тенкови и бродови. И невозможно е да не може да има современи автомобили и мотоцикли, вели Хирург, пренесува defence.ru.
Тој додаде дека „Волк“, се разбира, сѐ уште не е „Харли Дејвидсон“, но повеќе не е ни „Урал“ и „Днепар“.
„Очекувањата се оправдаа, тоа е наш руски мотоцикл, моќен, современ и унапреден според многу параметри. Убеден сум дека достојно ќе ја претстави Русија и ќе може да биде конкуренција на странските новитети“, истакна тој.
Во САД се продаваат мотоцикли „Урал“ во комплет со вотка
Според официјалните податоци, „Волк“ развива брзина до 100 километри за само седум секунди, а максимална брзина до 170 км/ч. Се претпоставува дека мотоциклот ќе се продава со шест нивоа на опрема. Почетната цена изнесува 250 илјади рубли (околу 4 илјади евра).
Засега не е познато кога и каде ќе почне сериското производство на мотоциклот.
Хирург е убеден дека мотоциклот има „вистински руски дух и волчи карактер“. Затоа веројатно ќе има голема побарувачка за него во Русија.