50 ракети „Точка У” предизвикаа паника во САД
Американската телевизија „Фокс Њуз“ соопшти дека последниве два дена Русија испорачала во Сирија 50 балистички ракети со мал дострел и дека лансирала две ракети „Точка У“ и четири ракети „Искандер“ во сириската провинција Идлиб врз единиците на опозицијата.
Американски медиуми: Во Сирија испорачани 50 руски ракети „Точка У“
Министерството за одбрана на Русија го демантираше тоа.
Експертите сметаат дека вестите кои ги објавува „Фокс Њуз“ покажуваат дека политичката борба внатре во американската елита меѓу приврзаниците и противниците на Доналд Трамп веќе избива на насловните страници. Заменик-директорот на Тавридскиот информационо-аналитички центар РИСИ Сергеј Ермаков смета дека противниците на Трамп ја пласираат идејата дека тој е слаб политичар на меѓународната сцена и затоа играат на сириски теми, пренесува „Свободнаја преса”.
„Политичките кругови во САД кои стојат зад „Фокс Њуз“ се обидуваат да влијаат врз процесот на Блискиот Исток“, уверен е раководителот на Центарот за евроатлантски и одбранбени истражувања на РИСИ Григори Тишченко. Тој смета дека е можно Русија да ги префрлила ракетите „Точка У“ во Сирија во случај сириската опозиција која не го поддржува мировниот процес да преземе голема офанзива.