Герасимов и Данфорд се договорија за мерки за намалување на напрегнатоста
Началникот на Генералштабот на ВС РФ Валериј Герасимов и шефот на здружениот комитет на началниците на штабовите на ВС САД Џозеф Данфорд за време на нивниот состанок во Баку се договорија за мерки за намалување на напрегнатоста, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Кои се сценаријата за воената соработка помеѓу Русија и САД во Сирија?
Тие разговараа за состојбата на односите меѓу Русија и САД, а исто така разменија и „процени на ситуацијата во сферата на меѓународната безбедност во Европа, на Блискиот Исток, во Северна Африка и другите клучни региони во светот“, се вели во соопштението објавено на сајтот на Министерството за одбрана на Русија.
Во текот на разговорите страните ги дефинираа насоките на работа за зголемување на безбедноста во воената активност, како и за намалување на напрегнатоста и ризиците од настанување на инциденти. Покрај тоа, страните се договорија да одржуваат понатамошни контакти, пренесува „Взгљад“.