Кремљ: Русија и САД губат време
„Се надеваме дека порано или подоцна ќе почне процесот на изградба на нормални деловни односи со Вашингтон“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.
Путин изрази подготвеност да се сретне со Трамп во Љубљана
Претходно Песков изјави дека нема ништо конкретно околу прашањето за одржување на средба меѓу претседателите на Русија и САД. Притоа портпаролот не исклучи можност за средба меѓу Путин и Трамп пред самитот на Г-20 во јули.
На 10 февруари Путин по разговорите со претседателот на Словенија Борут Пахор изјави дека Љубљана може да биде местото на средба на лидерите на Русија и САД. Путин исто така изјави дека се надева на обнова на односите со САД.