Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2017

Тајната на жолтите дијаманти

0

Како се појавиле дијамантите со жолта боја? На ова прашање се обидоа да одговорат сибирските научници. Ваквите дијаманти се ретки во природата. Најчесто можат да се најдат во Јужна Африка и Јакутија, еден од најстудените региони на Русија.

Според мислењето на научниците, жолтите дијаманти се кристализирале од остатоците од органска супстанција која порано се наоѓала на површината на Земјата во рамките на старите океански плочи.

„Ние ги проучуваме дијамантите од наоѓалиштата во северните подрачја на Јакутската провинција која е богата со дијаманти“, вели професорот од Руската академија на науката Дмитриј Зедгенизов. „Ваквите дијаманти не личат на убав, сјаен, прозрачен скапоцен камен кој сме навикнати да го нарекуваме со ова име. Тоа се тркалезни кристали со закривени агли со коцкест облик со силножолта боја. Исто така се среќаваат и жолто-зелени и темнопоротокалови дијаманти“.

Жолта боја од Земјината мантија

Жолтите дијаманти на светскиот пазар чинат најмалку 4.500 американски долари по карат. Цената зависи од техниката на брусење и од интензитетот на бојата. Некои изразито жолти брилијанти на аукциите на Sotheby's и Christie's чинат по неколку стотини илјади американски долари по карат.

Сјајот на сибирските дијаманти

Жолтите дијаманти имаат огромна вредност и за научниците. Со нивна помош може да се определи особеноста на составот и граѓата на најдлабоките сфери на нашата планета. Благодарение на овие дијаманти можат да се објаснат многу процеси во Земјината мантија, кои, меѓу другото, предизвикуваат и формирање на наоѓалишта на дијаманти.

Жолтите дијаманти се со толку необична боја зашто во својата структура содржат атоми на азот. Тоа значи дека пред избивањето на површината се наоѓале во мантијата во исклучително студени услови и дека тој период бил мошне кус според геолошките мерила.

Научниците детално ги проучиле кристалите за да дознаат во кои услови и во кој дел од мантијата настанале. Геолозите ги истражувале дефектите и примесите, како и изотопниот состав на јаглеродите. Се анализирало и присуството на други материјали кои влегле во дијамантите во процесот на кристализација.

Во потрага по главното наоѓалиште

Анализата покажала дека жолтите дијаманти се кристализирале од остатоци на органска супстанција, односно живи организми кои се наоѓале на површината на земјата во рамките на старате океанска плоча. Подоцна оваа океанска плоча се судрила со континентот и почнала да тоне во длабочините на Земјата. И како што тонела, така под влијание на високите температури и притисокот остатоците од органските супстанции претрпеле промени и некаде на длабочина од 150-250 километри можеле да се кристализираат во облик.

Богатствата на Јакутија

„Жолтите дијаманти во природата се мошне ретки. Но, во наоѓалиштата на северните подрачја на Јакутија ги има многу“, објаснува Зедгенизов. „И тоа се крупни кристали. Се среќаваат парчиња од 10 карати. Поради тоа ние претпоставуваме дека тие имаат свој длабински извор, и тоа мора да биде некое огромно наоѓалиште на жолти дијаманти кои се разликуваат од поголемиот број индустријализирани наоѓалишта во Јакутија. Додека тој главен извор не се пронајде, ние не можеме да определиме колку дијамантите се навистина стари“.

„Длабинскиот извор“ на жолтите дијаманти заедно со научниците го бараат и компаниите кои се занимаваат со експлоатацијата на рудното богатство, а меѓу нив е и Алроса, која со таа цел спроведува индустријализација на наоѓалиштата на северните подрачја на Јакутија.





Губернаторы России
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве





Москва

Топ-5 самых ярких зарубежных архитектурных проектов на первичном рынке Москвы


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Жанна Агузарова

Хирург Володченков: у певицы Агузаровой не видит глаз из-за неудачной пластики




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск


Большой шлем

«Надо чем-то жертвовать». Арина Соболенко отказалась ехать на Олимпиаду в Париже



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Українські новини

Відомий аграрій Кормишкін, складає свої депутатські повноваження



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России