Медиуми: Русија целосно ќе ги врати долговите на СССР до крајот на 2017
Русија ќе ја заврши исплатата на надворешните долгови на Советскиот Сојуз до крајот на годината со последната транша спрема Босна и Херцеговина. Остатокот од долгот изнесува 125,2 милиони долари, пишува „Известија“ повикувајќи се на Министерството за финансии на РФ.
Русија го порамни советскиот долг кон Македонија
Министерството минатата недела соопшти за намирување на долгот кон Македонија во износ од 60,6 милиони долари и истакна дека за целосно сервисирање на советските долгови на Русија ѝ останува да изврши уште само една уплата.
„Договорот е технички веќе одамна подготвен, земјите го парафираа. Останува единствено да се потпише, а тоа е прашање на наредните неколку месеци. Плаќањето ќе биде со една транша преку ВЕБ, таму нема никакви компликации, до лето прашањето ќе биде затворено“, изјави извор на изданието од владата на РФ.
Во период од 45 дена од моментот на ратификацијата на документот, Министерството за финансии на РФ ќе може да ги префрли парите за намирување на долгот, пренесува РИА „Новости“.