Столтенберг: НАТО се залага за потребата од дијалог со Русија
НАТО цврсто се залага за неопходноста од дијалог со Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. „Знам, од позиција на сила“, го цитира „Интерфакс“ одговорот на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. „Од предвидлива позиција“, прецизира Столтенберг.
Путин: Русија постојано ја провоцираат
По завршувањето на средбата со Лавров, Столтенберг изјави дека разговарал со него за проблемот со конфликтот во Украина. Генералниот секретар на НАТО истакна дека Алијансата и Русија сѐ уште имаат разногласие во оценката на ситуацијата.
Столтенберг исто така укаа на неопходноста од постигнување транспарентност во соработката на воените единици. Тој потсети на периодичните прелети на руските воени авиони во близина на американските бродови и укажа на недопустливоста на таквата ситуација. Истовремено генералниот секретар на Алијансата истакна дека потребното ниво на транспарентност при одржувањето воени маневри е постигнато, сепак потенцираше дека Алијансата не планира да ја повлече својата одлука за прекин на практичната соработка на НАТО со Русија, пренесува „Комерсант“.