Руски бомбардери Ту-95МС уништија цели на ИД кај Рака
Министерството за одбрана на Русија објави видео од воздушните напади што ги извршија руските стратешки бомбардери Ту-95МС врз објекти на терористичката група „Исламска држава“ на подрачјето на сирискиот град Рака.
Се истакнува дека авионите полетале од територијата на Русија, ги прелетале Иран и Ирак и го извршиле нападот со крстосувачки ракети Х-101 врз објектите на ИД.
Цели на нападот беа кампови и центри за обука на милитантите, како и команден пункт на еден од поголемите одреди на ИД.
Авионите беа во придружба на ловци Су-30СМ и Су-35С, пренесува RT.