Лавров:санкциите против ЕУ остануваат до исполнување на „Минската спогодба“
Во текот на својот настап на Минхенската конференција за безбедност министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ја оцени ситуацијата со исполнувањето на „Минската спогодба“ и санкциите условени со нејзината реализација.
Пенс: Трамп верува дека САД и Русија ќе најдат нови допирни точки
„И ние сакаме да се исполни „Минската спогодба“, и ние своите санкциите против Европската унија нема да ги укинеме сѐ додека „Минската спогодба не биде ислолнета, и тоа треба да се сфати“ изјави Лавров, пренесува „Комерсант“.
Тој исто така ја истакна нелогичноста на условувањето за укинувањето на антируските санкции со реализацијата на „Минската спогодба“ исклучително од страна на Москва. „Јас веќе се изјаснив околу тоа колку, воопшто, е нелогично и вештачки звучи формулата „Минската спогодба треба да биде исполнета од Русија, тогаш ЕУ ќе ги укие санкциите“, потсети министерот.