Меркел: Односите со Русија не се стабилизирани
„Последниве 25 години не успеавме да воспоставиме стабилни односи со Русија, но сега Русија е наш сосед, тоа е надворешната граница за ЕУ“, констатира Меркел.
Фон дер Лаен:Да не се повредува суверенитетот и границите на другите држави
Притоа таа изјави дека Западот и Русија имаат заеднички интереси во борбата против тероризмот и Германија е заинтересирана за воспоставување добри односи со Москва и покрај разногласијата.
Таа исто така ја потврди и намерата и понатаму да се придржува до актот Русија-НАТО.
Во исто време, канцеларката изрази загриженост поради поддршката на Русија за бунтовниците во Донбас. Таа исто така истакна дека „Минската спогодба“ треба да остане основа за решението за Донбас, пренесува „Взгљад“.