Шојгу: Со Чуркин се запознавме во Југославија
„Јас, се разбира, би сакал да го изразам моето искрено сочувство. Ние бевме добри другари и направивме многу нешта“, изјави Шојгу, пренесува RT.
Путин: Чуркин цврсто го бранеше ставот на Русија и не знаеше за пораз
Тој раскажа дека се запознал со Чуркин во текот на случувањата во Југославија.
„Првпат тогаш Русија создаде систем за хуманитарна помош и отидоа шест големи конвои. За тоа има огромна заслуга Виталиј Иванович (Чуркин)“, истакна министерот.
Шојгу исто така раскажа како заедно со Чуркин возеле во Белград делегација на рускиот парламент. Според министерот, како резултат на ова патување, 5 илјади деца ја посетиле Русија.