Шоjгу: Русија и САД би можеле да почнат заеднички операции во Рака
„Нашата задача е да ги обединиме напорите. Имаме единствен противник – меѓународниот тероризам. Ние и Американците го признаваме за противник“, изјави Шојгу, пренесува RT.
Кои се сценаријата за воената соработка помеѓу Русија и САД во Сирија?
Тој истакна дека Русија и САД би можеле да почнат заеднички дејствија во Рака.
„Ние имаме сѐ за ефикасно да соработуваме, апсолутно сѐ. И ништо не ни пречи да ја почнеме таа работа. Денес, сосем прецизно кажано, би можеле да се почнат заеднички дејствија за Рака. Таму е сѐ јасно, таму нема противречности кој се наоѓа таму. Таа работа би можела да се почне. Само за тоа треба да нѐ слушнат и разберат... Треба да се застане, да се седне и да се почне нормално да се разговара“, изјави Шојгу.
Претходно Шојгу соопшти дека картата на Сирија со местата каде се наоѓаат умерената опозиција и терористите ќе биде готова за неколку дена.