На сајтот на МНР РФ се појави рубрика за лажни вести за Русија
„Се работи за иницијатива која ја најавивме претходно, на 15 февруари, во врска со отворање на посебна рубрика на официјалната веб-страница на МНР, која ќе покажува примери од материјалите на публикациите кои шират неверодостојни информации за Русија. Денеска ја лансираме таа рубрика“, изјави Захарова.
Трамп:Американските лажни вести ми пречат да воспоставам добри односи со РФ
Дипломатот истакна дека првата селекција е веќе објавена. „Можете да се запознаете со неа, влегувајќи во дело на сајтот на МНР под назив „Прес-служба“, потоа во „Публикации и деманти“, а во секцијата „Деманти“ со кликнување на рубриката „Примери на публикации кои шират неверодостојна информација за Русија“ (Примеры публикаций, тиражирующих недостоверную информацию о России), објасни Захарова.
„Овде ќе даваме како пример пропагандистички измислици на различни медиумски ресурси, ќе даваме линкови до нивните извори и така натаму“, додаде Захарова.
Портпаролот на МНР РФ изрази жалење што „оваа рубрика ќе се ажурира редовно“.
„Целта е да се покаже тенденцијата, да се покажат главните трендови на објавувањето лажни вести за нашата земја, да се направи сѐ што е можно за да се запре нивното ширење“, објасни Захарова.