Видео: Истовремено лансирање на две ракети С-400
На школското гаѓање ракетите С-400 погодија два типа на цели – воздушна цел „Мускета“ коjа имитираше балистичка ракета и „Почит“ – аналог на крстосувачка нисковисинска ракета, соопштува телевизијата „Ѕвезда“, која го објави видеото од лансирањето.
Според командантот на силите за противвоздушна и противракетна одбрана Виктор Гумени, вакви вежби не биле спроведени повеќе од 20 години. Гаѓањето го реализираше подмосковскиот полк на единицата на ПВО-ПРО на ВКС Русија.
Министерството за одбрана на Русија, исто така, соопшти за завршувањето на планираните тактички вежби на полигонот Ашулук, пренесува „Взгљад“.