Русија ќе стави вето во СБ ООН на резолуцијата за хемиско оружје во Сирија
Резолуцијата „е насочена против една страна, врз основа врз недоволно докази. Сама по себе резолуцијата е спротивна на основното начело на презумпција на невиност до крајот на истрагата“, изјави Сафронков, пренесува RT.
Русија најде докази дека терористите применувале хемиско оружје во Алепо
Тој истакна дека врз мисијата основана од СБ ООН за истражување на случаи со употреба на хемиски супстанции за воени цели во Сирија се врши притисок за да се добие „едностран извештај“.
„Ние истапивме со свој алтернативен поглед за овој механизам, така што тоа е провокација и јас тоа го објаснив“, истакна Сафронков.
Притоа постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли изјави дека „сега е вистинското време да се донесе резолуција“.