Иран се договори со Русија за производство на нуклеарно гориво
Според Салехи, прашањето за заедничко производство на горивото било „една од најполезните точки“ за кои се дискутирало во рамките на преговорите за нуклеарната програма. „Разговаравме за тоа дека ни треба помошта на Русија во оваа област“, изјави Салехи во интервју за агенцијата „ИСНА“.
Кому ќе му ја довери Иран нуклеарната енергетика?
Тој истакна дека успеале да се договорат за консултации од страна на Русија. „На тој начин, по долгите и интензивни преговори, кои траат повеќе од две години, нашето меѓусебно разбирање резултираше со патна карта“, изјави Салехи, потсетувајќи на посетата на неговиот заменик Бехруз Камалванди на Москва на крајот на јануари.
„Господинот Камалванди во текот на последното патување во Русија ја состави таа патна карта. Треба да се каже дека патната карта беше потврдена од властите на двете земји“, истакна Салехи, пренесува „РИА „Новости“.