Песков: Русија е подготвена сама да ја продолжи борбата со ИД
Одговарајќи на прашањето на ТАСС дали Русија е подготвена сама да ја продолжи борбата против ИД, Песков изјави дека „Москва и онака продолжува“ да го прави тоа, пренесува „Взгљад“.
Песков: Русија и без САД постигнува резултати
Претходно во саботата извори во администрацијата на Доналд Трамп изјавија дека американскиот лидер поради притисокот врз неговиот тим може да ги одложи плановите кои предвидуваат работа над договор со Москва за борба против „Исламската држава“.
Трамп претходно изјави за неговите намери да се бори заедно со Русија против ИД, а во светот „никој нема да биде против“ ако САД и Русија заедно „ја растурат од ќотек ИД“.