Украинските радикали почнаа со блокада на возовите од Русија
Украинските радикали, кои ја блокираат трговијата со ДНР и ЛНР, во саботата соопштија дека отвориле нов пункт – сега на железничката станица Конотоп во Сумската област (околу 70 километри од границата со Русија), за да го запрат движењето на композициите од Русија.
Москва го повика Киев трипати да размисли што ќе преземе во Донбас
„На товарната станица Конотоп беа откриени неколку возови од Руската Федерација, меѓу другото, и со јаглен марка „антрацит“, објави „штабот на блокадата“ на „Фејсбук“, соопштувајќи за отворањето на „ново упориште“.
Согласно информацијата на „штабот“, радикалите планираат во текот на месецот да ги земат под своја контрола сите осум главни железнички погранични премини преку кои се одвива трговијата со Русија, пренесува РИА „Новости“.