Иран успешно тестираше руски С-300
Иранската војска на воените вежби на противвоздушните сили на одбраната изврши успешно тестирање на рускиот ракетен систем С-300, пренесува иранската агенција „Тасним“.
„Со лансирање на ракета од овој систем беа погодени и уништени предвидените цели“, се вели во соопштението на агенцијата, која објави фотографии и видео од тестирањето, пренесува РИА „Новости“.
? انهدام یک فروند موشک بالستیک و یک #پهپاد توسط سامانه موشکی #اس۳۰۰ جزئیات تست: https://t.co/89qbj8q5jU pic.twitter.com/0VZq2DHTzd
— خبرگزاری تسنیم (@Tasnimnews_Fa) March 4, 2017Според информациите на медиумите, во текот на маневрите „Демавенд“, иранските специјалисти реализирале низа тестирања на рускиот ракетен систем со кои е предвидено одработување на различни сценарија за одбивање на можни закани. Во текот на тестирањето војската одработила фази на откривање, идентификување, пресретнување и неутрализирање на цели на С-300.