103news.com
World News in Macedonian
Март
2017

За што ќе разговараат Путин и Ердоган?

0

На 9 март во дводневна посета на Москва ќе допатува претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Турскиот лидер ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин, а исто така ќе земе учество и на заседанието на Советот за соработка на највисоко ниво помеѓу Русија и Турција.

Агендата на претстојната посета ќе биде набиена. Страните треба да разговараат за прашањата за целосно обновување на односите по кризата од ноември 2015 година кога Анкара го собори рускиот бомбардер, за, како што тврдеше, нарушување на воздушниот простор на Турција. По инцидентот Русија воведe санкции за низа турски производи, воведе визи за турските државјани, забрани продажба на туристички аранжмани во турските летувалишта.

Путин и Ердоган разговараа за Сирија

Сепак, без оглед на формалното нормализирање на односите (беше потпишан меѓувладин договор за проектот за изградба на гасоводот Турски тек, беа укинати низа санкции на земјоделски производи и беше симната забраната за продажба на туристички аранжмани), визниот режим во однос на турските граѓани останува на сила до денес. Не се симнати и санкциите на низа стоки од турско производство. Сиве овие прашања – прашањата за целосно обновување на односите – ќе бидат поставени за време на претстојната посета на Ердоган.

„Турција сака Русија да ги укине сите економски санкции и визниот режим за државјаните на Турција“, вели Керим Хас, експерт на турскиот аналитички центар УСАК (независен центар, со штаб во Анкара, тој е експерт за Русија и Евроазија во целина). Сепак турскиот експерт смета дека тоа е малку веројатно. „Москва не е заинтересирана за тоа. Може да бидат симнати санкциите на определени производи или да биде укинат визниот режим. Но, целосно симнување на санкциите веројатно нема да има“.

Сириска криза

Едно од главните прашања на претстојната средба, секако, ќе биде решавањето на сириската криза. Ова за руските медиуми го изјави советникот на претседателот на Турција Илнур Чевик.

И Русија и Турција спроведуваат воени кампањи во Сирија. Згора на тоа од јануари тие спроведуваат заеднички операции во Сирија против бунтовниците на ИДИЛ, организација која е забранета во Русија. Турција, која има влијание на сириската опозиција, е клучен учесник во процесот на мирно решавање на сириската криза што го започна Русија.

Турција бара поддршка од Русија и Иран за Сирија

„Тема број еден ќе биде Сирија“, забележува Керим Хас. Според него постојат четири основни точки на сириската агенда. „Како прво тоа е понатамошната соработка во Алепо и во околните региони. Како второ, прашањето за проширување на составот на учесници во преговорите (Катар, Саудиска Арабија и др.) за решавање на сириската криза. Како трето, тука е варијантата за соработка на Турција со Русија за ослободување на Рака и на Манбиџ откако Анкара ќе ја заврши својата операција во Ел Баб. Како четврто, позицијата на Русија поврзана со курдските единици кои војуваат во Сирија“.

Меѓу темите на сириската агенда исто така ќе биде поставено прашањето на преодниот политички процес во Сирија, претпоставува Антон Мадрасов, руски експерт за Сирија од Институтот за иновациски развој. „Преговарачкиот процес бара отстапки и компромиси, и на Русија и на Турција им е важно да дискутираат за тоа како тие можат да влијаат на Дамаск и на опозицијата, со цел да се најдат допирни точки“, забележува експертот.

Кој треба да се смета за терорист

Лидерите ќе дискутираат и за цела низа други прашања. Турскиот политиколог Сали Јилмаз од Универзитетот Јилдирим Бејазит во Анкара претпоставува дека страните ќе ги допрат и прашањата кои се важни за Анкара, како што е работата во Русија на организацијата ФЕТО која Турција ја смета за терористичка („терористичка организација на приврзаници на Фејтула“ која Анкара ја обвинува за организација на државниот удар во 2016 година) и на РПК (Работничка партија на Курдистан). Русија не ги смета ФЕТО и РПК за терористички организации.

Кој стои зад убиството на рускиот амбасадор во Турција?

„Турција е многу загрижена од фактот што во Москва се наоѓа канцеларија на Работничката партија на Курдистан“, смета Сали Јилмаз.

На 1 март Советот на федерацијата го ратификуваше договорот помеѓу Русија и Турција за заемна помош во кривични дела и предавања на злосторници. Експертите претпоставуваат дека ова ќе им овозможи на властите на Турција да покренуваат обвиненија против лица поврзани со ФЕТО и со РПК кои се наоѓаат на руска територија.

„Ова значи дека ние со нашите чекори ја потврдуваме нашата намера да соработуваме не само во врска со прашањето за тероризмот, ами и во врска со прашањето за екстрадиција на оние што во Русија и во Турција се сметаат за политички неподобни“, вели Јуриј Мавишев, раководител на политичката насока при Центарот за проучување на современа Турција (ЦИСТ).

Набавка на С-400

Според Сали Јилмаз, за време на посетата на Ердоган на Москва, турската страна ќе ја разгледа можноста за набавка на зенитни ракети за системот С-400 од Русија.

Советник на Ердоган: сојузот со РФ не е алтернатива на односите со НАТО

Во ноември минатата година ова прашање на големо се дискутираше. Тогаш првиот човек на Федералната служба за воено-техничка соработка Александар Фомин изјави дека прашањето за испорака на системи С-400 за Турција ќе биде една од главните теми на претстојното заседание на меѓувладината комисија, а министерот за одбрана на Турција Фикри Ишик потврди дека Анкара води преговори со Москва за набавка на ЗРК С-400. Сепак, на почетокот на декември 2016 година заседанието на меѓувладината комисија се одржа, но прашањето за С-400 не доби конкретно решение.

„Разговорите за набавка руски С-400 се само дефокусирање“, претпоставува Мавашев.

Ние повеќе пати имаме слушнато слични изјави од страна на Турција“. Експертот смета дека Анкара ќе даде предност на воено-техничка соработка со САД, а соработката со Русија ќе има ограничен карактер.





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин: более 900 культурных центров работают в Москве





Москва

В Подмосковье сотрудники Росгвардии провели встречу со студентами финансового университета


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал, как преобразился сад «Аквариум» после благоустройства



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Оззи Осборн

Келли Осборн подростком нелегально получала наркотики от врачей




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Росгвардия обеспечила безопасность футбольного матча в Дагестане

Агент Сафонов: Дзюба в «Акроне» может так стрельнуть, что все офигеют!

Росгвардия обеспечила безопасность футбольного матча в Дагестане


ATP

Озвучены позиции казахстанских теннисистов в мировом рейтинге ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России