Судот во Хаг почна со разгледување на тужбата на Украина против Русија
Во Хаг почна седницата на Меѓународниот суд на ООН, во рамките на која се разгледува тужбата на Киев против Москва, соопшти во понеделникот МНР Украина на својот сајт.
Украина повторно ќе ја тужи Русија
Како што се истакнува во коментарот на украинскиот дипломатски ресор, судот треба да ја задолжи Русија „да обезбеди ефикасна контрола на својата граница, да ги прекине испораките на оружје во Украина, да прекине со поддршката на нелегалните вооружени формации“. Покрај тоа, се бара и Москва „да се воздржи од какви било понатамошни акти на етничка дискриминација на окупираниот Крим“.
На сајтот на украинското МНР исто така се вели дека рочиштето, најверојатно, ќе трае четири дена. Аргументите на украинската страна ќе бидат сослушани на 6 и 8 март, а на руската – на 7 и на 9 март, пренесува „Лента.ру“.
За намерата на Киев да поднесе против Русија тужба пред Меѓународниот суд на ООН соопшти прес-службата на претседателот на Украина Петро Порошенко на 16 јануари. Москва одговори дека има намера да ги искористи во текот на рочиштето сите достапни средства за правна заштита.