Министерот за финансии на Германија ја обвинува RT за ширење „лажни вести“
Министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле ја обвини Русија за водење „пропагандна војна“, пренесува „Асошиејтед Прес“.
На сајтот на МНР РФ се појави рубрика за лажни вести за Русија
Министерот изјави дека Москва се обидува да го подигне својот авторитет во светот со помош на „пропаганда – лажни вести, кои од „утро до мрак“ наводно ги емитува руската телевизија RT.
„Тие треба да запрат. Тоа е неприфатливо“, изјави Шојбле.
Според него, во информационото поле присуствува „постојан и неверојатно лажлив“ поток од „руска пропаганда“. Притоа министерот не прецизираше за какви вести станува збор, пренесува „РИА „Новости“.