Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2017

„Фајненшел Тајмс“: ЕУ и САД подобро да ја очекуваат Русија на Балканот

0

ЕУ и НАТО се обидуваат да погодат од која страна следниот пат ќе пристигне предизвик од Русија. Но, според новинарот на „Фајненшел Тајмс“, тие треба да бидат загрижени не за балтичките земји, туку за југоисточниот правец - Балканот.

По 1990 години, кои беа одбележани со војни на Балканот, за стабилизирање на регионот придонесоа два фактори: своја улога одиграа, иако далечните, изгледите за приклучување кон ЕУ, што како краен резултат би помогнало за обединување на народите од поранешна Југославија, како што се случи на времето со Франција и Германија; како и поддршката од САД и претпоставката дека, во случај на конфликт, ќе интервенира НАТО.

Сега, со оглед на економската криза, приливот на бегалци, „Брегзит“ и растот на национализмот во Европа, ново проширување на ЕУ тешко може да се предвиди, а Доналд Трамп се чини дека воопшто нема интерес за земјите на маргините на Европа, пишува изданието. Овие факти можат создаваат можност за Русија да даде отпор на ширењето на влијанието на ЕУ и САД, да се обиде да ги преструктуира сојузите и дури и, потенцијално, границите. „Москва игра на своите културни врски со православните словенски народи“.

„Блумберг“: Тереза Меј вети дека ќе го заштити Балканот од руска агресија

Според авторот, независно од тоа какви турбуленции ќе има на Балканот, раката на Москва ќе биде некаде во близина. Така, тврди изданието, обидот за државен удар во октомври во Црна Гора, кој првично им се припишуваше на српските националисти, всушност беше направен со поддршка на руските специјални служби за да се спречи присоединувањето на земјата кон НАТО. Возот, кој се упати кон границите на Косово со натпис „Косово е Србија“ беше направен во Русија. Покрај тоа, Русија го поддржува националистички настроениот претседател на Република Српска, која повикува на независност од Босна и Херцеговина, а исто така зазема и различна страна од ЕУ во судирот на политичките сили во Македонија. Никола Груевски, кој долго време беше силно про-ЕУ, може да се наклони кон Кремљ.

За да ѝ пружи отпор на Русија во регионот и да не дозволи да се појават таму „зелените човечиња“, САД и ЕУ мора да се борат за симпатиите на жителите на Балканот. И покрај неговите ставови фактот, какви советници и чиновници избра Доналд Трамп, зборува за тоа дека постои можност САД да останат заинтересирани за развојот на Европа.

Впрочем, дури и ако изгледите за пристапување на Балканот кон ЕУ се тенки, на Европа ѝ остануваат лостови за влијание врз ситуацијата. Како извор на помош, инвестиции и трговски односи, ЕУ е далеку понапред од Русија. И покрај сите културни врски со Русија, миграциските текови од Балканот одат практично целосно во Европа.

Но, само ветувања и малите инвестиции од Европа нема да бидат доволни за да се поправи ситуацијата. ЕУ треба да се зафати со овој регион многу поцврсто, смета авторот на статијата. Потребно е внимателно да се следи ситуацијата, да ѝ спротивстави на руската дезинформација, а европските лидери треба постојано да го посетуваат регионот за да покажат дека тие сѐ уште гледаат на Балканот и на неговите проблеми сериозно. „Пред сѐ, за тоа е потребна политичка волја. Без тоа најпроблематичното катче на Европа може да се лизне назад во своето мрачно минато, што ќе има опасни последици за целиот континент“, заклучува „Фајненшел Тајмс“, пренесува RT.







Губернаторы России





Губернаторы России
103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России