Асад: Русија е единствената сериозна сила која се бори против ИД
Сирискиот претседател Башар Асад во интервју за хонгконгшката телевизија „Феникс“ ја нарече Русија единствената сериозна сила коа ефикасно се бори со „Исламската држава“ на територијата на Сирија.
Притоа Асад додаде дека борбата со тероризмот не може да биде локална или да се ограничува само на ИД.
Може ли Русија да ја задржи Палмира?
„Не смееме да се бориме со тероризмот локално, тоа треба да биде сеопфатна борба, не делумна и не привремена. Таа не може да се води од воздух, треба да се соработува со војската на земја, затоа Русија успеа, затоа што ја поддржуваше сириската армија“, изјави тој.
Што се однесува до перспективите на соработката во таа сфера со новата американска администрација, сирискиот претседател засега не гледа такви можности, затоа што меѓу Сирија и САД нема официјални врски.
Покрај тоа, Асад не смета дека присуството на американски војници би помогнало да се победи ИД.
„Тие не успеаја ниту на едно место каде што испратија своја војска – само создаваа проблеми. Многу добро им успева да создаваат проблеми и да уништуваат, меѓутоа многу лошо умеат да најдат решенија“, изјави сирискиот лидер, пренесува РИА „Новости“.