Белата куќа ги коментираше шансите за средба меѓу Путин и Трамп на Г-20
„Немам датум“, изјави Спајсер како одговор на прашањето за средба на Путин и Трамп на самитот на Г-20, без да прецизира, исто така, дали е можно тоа да се случи пред јулската меѓународна средба на највисоко ниво, пренесува „Взгљад“.
Трамп реши да ја праша Меркел како да разговара со Путин
„Знам дека тимот извонредно активно работи на билатералните средби на Г-20“, додаде портпаролот на Белата куќа, истакнувајќи дека нема никакви информации за конкретна средба меѓу Путин и Трамп.
Претходно портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен дека средбата меѓу Путин и Трамп може да се одржи на самитот на Г-20 во Хамбург во јули.