Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2017

10 последни мисли на руски писатели

0

„Некои пеперуги веќе полетаа“

Добитникот на Нобеловата награда Владимир Набоков бил заинтересиран за ентомологијата и бил колекционер на пеперуги. Синот на писателот, Дмитриј, раскажувал дека кога тој се проштевал со татка си пред смртта, очите на писателот наеднаш се наполниле со солзи: „Го прашав: зошто? Тој рече дека некои пеперуги, изгледа, веќе полетале...“

„Ich sterbe! (Умирам!). Одамна не сум пиел шампањско!“

Писателот и лекар Антон Чехов умрел во германското одморалиште Баденвајлер од туберкулоза. Според старите германски традиции, докторот, кој на својот колега му поставува смртна дијагноза, го чести со шампањско. Последните зборови на Чехов биле имено обраќање кон лекарот што го лекувал.

Жените на писателите: заедно во љубовта, творештвото и смртта

„Русија ме изеде како глупава свиња што си го јаде своето прасе“

Поетот-симболист Александар Блок тешко се разболел напролет 1921 година, а тоа било поврзано и со гладните години на граѓанската војна, со истоштениот нервен систем, и со неприфаќањето на неговата револуционерна поема „Дванаесетте“ од страна на руската интелигенција. Писателот Максим Горки, наркомот Анатолиј Луначарски, сите другари на поетот кренале врева за да се испрати Блок на лекување во странство, но Политбирото на болшевистичката партија забранило негово заминување. Имено, дента кога бил готов неговиот пасош и била добиена дозволата, Блок умрел.

„Сè си мислам дека човек треба навреме да си умре. Боже, колку имаше право Мајаковски! Јас задоцнив со умирањето. Треба да се умира навреме“

Советскиот писател Михаил Зошченко, мајстор на раскажувањето, неверојатно популарен во дваесеттите и во триесеттите години од минатиот век, минал низ критика и гонење од страна на власта, се судрил со сиромаштија и со предавство на своите пријатели литерати. По исклучувањето од Друштвото на писателите, Зошченко си заминува на дачата, каде ги минува последните години од животот. Денес го нарекуваат рускиот Кафка за сфаќањето на метафизиката на советскиот бит.

„Ти ли си, глупачке?“

Михаил Салтиков Шчедрин бил познат по својот беспоштеден хумор и по сатирата. Според легендата, тој ја поздравил својата сопствена смрт со прашањето „Ти ли си, глупачке?“.

Зошто Достоевски се презива Достоевски: руските писатели и нивните презимиња

„Те сакав и не те прељубив ниту еднаш, дури ни во мислите“

Овие зборови ѝ ги има кажано писателот Фјодор Достоевски на својата жена Ана. За време на семејниот живот сопрузите се раздвојувале само на по неколку дена. Ана не била само негова жена, ами и помошничка: таа ги препишувала неговите ракописи, работела со издавачите и со типографите, па дури и му помогнала да ја победи страста кон рулетот.

 „Колку е мачно да не се најде збор за да се предаде мислата“

Ова се зборови на поетот Фјодор Тјутчев, чии стихотворби се дел од ремек-делата на руската поезија, а неговите стихови можат да се најдат во сите учебници по руска литература. Многу цитати, па дури и строфи на Тјутчев станале афоризми.

Русија не се разбира со ум,

Со еден аршин не се измерува:

Таа има свој посебен друм –

Во Русија може само да се верува.

„Нема да стрелам во овој будала!“

На дуелот на Михаил Лермонтов со Николај Мартинов по броењето на секундантот никој не стрелал, а тој, пак, викнал: „Стрелајте или го прекинувам дуелот!“, на што Лермонтов спокојно одговорил: „Нема да стрелам во овој будала!“. Овие зборови го здоболеле Мартинов и тој стрелал по што се фрлил над телото на легнатиот поет и велел: „Миша, прости ми!“. Но, Лермонтов веќе бил мртов.

Толстој, Достоевски и другите: колку заработувале руските писатели?

„Ја сакам вистината“

На 83 години грофот Лев Толстој решил да се раздели со среденото и добро постоење на својот имот во Јаснаја Пољна. Заедно со ќерка си и со домашниот лекар тој заминал инкогнито во вагон од трета класа. По пат настинал, добил воспаление на белите дробови. Кога веќе паднал во делириум, писателот ќе каже: „Ја сакам вистината“.

„Скалата!“

Скалата е еден од главните загатки кај писателот Николај Гогољ. Уште како мал Коља слушнал од баба си за скалата по која душите на луѓето се качуваат на небо. Затоа таа често се среќава во различни варијации во делата на Гогољ. Според очевидци, последните зборови на писателот биле: „Скалите, брзо дајте ги скалите!“.





Губернаторы России
Москва

Собянин: Объем закупок у малого бизнеса с 2024 года составил почти 227 миллиардов





Москва

«ЯРКО» провела развлекательную программу на фестивале «Крутая песочница»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал, как электробусы помогают улучшать экологическую ситуацию



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Коммерсантъ

Молдавия берет выборы под охрану // В республике завели дело на предполагаемого российского шпиона, а Запад предупредил о планах вмешательства Москвы




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Москве выставили на продажу редкий Mercedes-Benz SLR McLaren за 100 млн рублей

Роман Костомаров поучаствовал в боксерской тренировке в Москве

Футболисты ЮФУ одержали три победы в домашнем турнире


Ролан Гаррос

Российские теннисисты выступят на Олимпиаде в Париже



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Минск

Армения выразила протест Минску из-за заявлений МИД Белоруссии



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России