Медиум: Во Москва бил спречен терористички напад планиран за 8 март
Специјалните служби спречиле терористички напад кој требало да се случи во Москва во текот на празничните маршеви на 8 март, соопштува „Известија“ повикувајќи се на извори во една од безбедносните структури,
Според информациите на весникот, на почетокот на март на еден од московските аеродроми бил приведен државјанинот на Таџикистан Изатило М., кој пристигнал од Истанбул. Откако тој сфатил дека ќе биде депортиран во татковината, каде му се заканува доживотен затвор, тој се обидел да го скрши својот телефон, а потоа со ножици се обидел да си го пресече грлото.
Москва и Санкт Петербург под закани од ИДИЛ
Припадниците на специјалните служби го пренеле во болница. Подоцна се покажало дека мажот учествувал во борбени дејствија во Сирија.
„Во текот на истражните дејствија граѓанинот на Таџикистан призна дека пристигнал во Москва за да изврши терористички напад – неуспешниот самоубиец имал намера да се крене во воздух во текот на празнувањата на 8 март“, пишува „Известија“.
Во моментов припадниците на безбедносните служби го утврдуваат идентитетот на соучесниците на терористот. Како што соопштува изданието, експлозивот и другите компонентите за самоделна експлозивна направа требало да му бидат дадени во Москва.
По добивањето на сите неопходни информации припадниците на руските специјални служби го предале Изатило М. на своите таџикистански колеги, пренесува РИА „Новости“.