Македонија го продолжи безвизниот режим со Русија
„Ова значи дека граѓаните на Русија за влез на територијата на Македонија е доволно да имаат пасош и осигурување“, се вели во соопштението објавено на веб-сајтот на амбасадата на РФ во Македонија на „Фејсбук“.
Овој режим важи само за кратки патувања – не подолго од 90 дена во текот на секои шест месеци.
Македонија претходно изјави дека е заинтересирана за проширување на соработката со Русија во сферата на туризмот и дека работи на воспоставување редовен директен авионски сообраќај и дека ја адаптира туристичката гранка на барањата на Русите, пренесува РИА „Новости“.
Руско-македонската соработка поседува голем потенцијал