„Таткото“ на Евромајдан: Дефинитивно го губиме Донбас
„Запрена е трговијата со ОРДЛО (според „Минската спогодба“ називот за ДНР и ЛНР) технички и фактички – ова е почеток на целосна загуба на окупираните територии“, пишува Најем на „Фејсбук“.
Тој смета дека рускиот бизнис, кој ќе соработува со останатите на територијата на Донбас претпријатија, неизбежно ќе почне да го прави подобар животот на работниците во Донбас и локалната инфраструктура, затоа што ќе ги смета фабриките во регионот за актива која носи профит.
Порошенко најави закон за враќање на интегритетот на Украина
Најем ги критикува неконзистентните активности на властите: „Прво тие ги нарекуваат оние кои ја организираат блокадата за рака на Кремљ, потоа носат одука да ги растераат со сила, ги фрлаат во политичка мелница полицијата и безбедносните структури, а потоа – кога ситуацијата добива црти на сенилност – решаваат дека блокадата е сепак добро нешто, но само ако е со одлука на СНБО...“.
Во средата Порошенко, кој претходно ги критикуваше радикалите кои ја организираа блокадата, неочекувано донесе одлука да ја запре трговијата и транспортниот сообраќај со регионите кои не се под контрола на Киев со одлука на СНБО. Укинувањето на таа одлука тој ја услови со враќањето на национализираните претпријатија во ДНР и ЛНР под украинска јурисдикција. Донецк и Луганск одбија да го исполнат ултиматумот.
Блокадата ја осудија Донбас, Москва, Европа, дури и во Киев – против прекинот на економските врски истапи владата на Украина, пренесува „Взгљад“.