Плевнелиев: Русија се меша во внатрешните работи на Бугарија
Бившиот бугарски претседател Росен Плевнелиев тврди дека Русија финансира политички партии и се меша во внатрешни работи на Бугарија.
Плевнелиев го советува Радев да размисли за ставот за Крим
„Има доволно основи да се смета дека бугарските партии се финансираат од Турција, но има и многу такви кои се финансираат од Русија. Додека зборуваме дека Турција се меша во нашите внатрешни работи, да не заборавиме дека и други држави го прават тоа“, изјави Плевнелиев во интервју за телевизијата „БТВ“.
„Тука не станува збор само за Турција, тука е и прашањето за Русија, јас ќе бидам задоволен доколку бугарскиот претседател (Румен Радев) би укажал и на тоа. За мене е повеќе од јасно дека Русија се обидува на секој начин да ја дестабилизира и раздели Европската унија“, смета тој.
Поранешниот шеф на бугарската држава ја коментираше иницијативата на Радев да го покани на прославата на 140-годишнината од ослободувањето на Бугарија во Руско-турската војна 1877-1878 година рускиот претседател Владимир Путин. „Секоја посета на рускиот претседател е проблематична и Бугарија треба да ги оцени нејзините добрите и лоши страни, внимателно да размисли како и под кои услови да го покани“, смета Плевнелиев. Тој му препорачува на Радев да ја преиспита својата позиција во однос на антируските санкции и присоединувањето на Крим кон Русија, пренесува ТАСС.