Руските банкомати нападнати од нов вирус
Во Русија се појави нов вид на вирус кој ги напаѓа банкоматите, пишува весникот „Комерсант“.
Како што изјави извори на изданието, минатата недела тие добиле соопштение од Центарот за мониторинг и реагирање на компјутерски напади во кредитно-финансиската сфера (FinCert), во кое се опишува новиот метод на хакерските напади. Целта на вирусот не се сметките на клиентите, туку директно парите во банкоматот: при внесувањето на определен код инфицираниот уред ги дава големи банкноти.
Кошмар за банкари и политичари: 4 познати руски хакери
Вирусот нема датотека, затоа и не може да биде препознаен од анти-вирусен софтвер. Може да се наоѓа во меморијата на банкоматот неограничено време. Во Русија таквата измамничка шема првпат е откриена, иако во други земји веќе се познати слични вируси. Се истакнува дека се заразени уредите на најголемиот производител на банкомати - NCR, затоа опасност може да претставува банкоматот на секоја банка.
Засега нема едноставен и ефективен начин за борба против вирусот. Според соговорниците на изданието, тој може да биде отстранет од RAM меморијата при ресетирање, но тоа е штетно за банкоматот и одзема време, односно процедурата не може да се изврши беа да биде забележана од клиентот. Затоа засега на банкарите им останува да ги осигуруваат банкоматите од кражба, иако таквиот пристап најверојатно ќе им оди на рака на измамниците, се вели во статијата.