Пентагон: Русија реши да биде стратешки ривал на САД
Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис на сослушувањата во американскиот Сенат изјави дека Русија донела одлука да биде „стратешки ривал“ на САД.
Матис: Москва не е партнер кој заслужува доверба
Матис исто така ги повика земјите-членки на НАТО на соработка, за да се „даде единствен одговор на секој руски авантуризам, каков што видовме на Крим и во Украина“.
Матис тврди дека Русија наводно се обидува да ја искористи „моќта на ветото“ во ООН над економските, дипломатските и бебезбедносните интереси на другите земји, пренесува „Взгљад“.