Кремљ се надева дека Киев ќе ја смени одлуката за Самојлова
„Несомнено, одлуката на украинската страна сериозно го девалвира претстојното натпреварување, веројатно, ова е удар за престижот на „Евровизија“, рече Песков.
Самојлова ја коментираше забраната за влез во Украина
Според него, Кремљ знае дека претставниците на натпреварувањето изразиле жалење поради одлуката на Киев.
„Ние, исто така, сметаме дека тоа е крајно несреќна одлука и, всушност, ние, се разбира, би очекувале дека оваа одлука ќе биде повторно разгледана до натпреварувањето и дека руската учесничка ќе може да учествува на ова натпреварување“, додаде Песков.
„А што се однесува до украинската страна, уште една ќе повторам, одлуката од наша гледна точка е апсолутно неправедна, таа е за жалење, и ние сепак се надеваме дека ќе биде ревидирана“, рече Песков, пренесува „Газета.ру“.