Русија и САД потпишаа заедничка резолуција за соработка на Арктикот
Документот беше потпишан по завршувањето на 8 регионална конференција во Бостон со учество на осумте Арктички земји: Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Шведска и САД. Русија на конференцијата ја претставуваше заменик-раководителот на Пограничната служба на ФСБ вицеадмирал Генадиј Медведев, кој го раководи одделот за Крајбрежно обезбедување.
Како Русија и САД ги спасуваат белите мечки
Како што соопшти Крајбрежната служба на САД, заедничката резолуција ги „предвидува основните принципи, тактиките, правилата и протоколите за размена на информации во случај на вонредна состојба на море и заеднички операции на Арктикот“,
По состанокот, исто така, се одржа церемонија на која САД ѝ го предадоа на Финска претседателството со овој форум, пренесува РИА „Новости“.