Москва нема да му дава отчет на НАТО за „Искандерите“ во Калининград
Москва нема намера да му се правда на НАТО за распоредувањето на системите „Искандер“ во Калининград, изјави РИА „Новости“ Директорот на Секторот за европска соработка при Министерството за надворешни работи на Русија Андреј Келин.
Претходно магазинот „Шпигел“ напиша дека на претстојниот состанок на Советот Русија-НАТО Брисел наводно ќе побара објаснување за распоредувањето на „Искандерите“ кај Калининград.
Каква закана носат за Русија новите договори на членките на НАТО?
„Никаков отчет нема да има, за тоа не станува збор“, изјави Келин како одговор на барањето да го коментира тој напис. Според претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија, на средбата ќе има размена на мислења „за најакутните прашања кои ги загрижуваат двете страни во моментов“.
Така, според него, Русија ја загрижува распоредувањето ротационите баталјони на НАТО во Полска и балтичките земји, а Северноатлантската алијанса – воените вежби кои ги реализира Русија – „Запад“, „Кавказ“ и маневрите на Крим.
„Тоа е она за што ќе се разговара: за транспарентноста, размена на мислења и отстранувања на постојната загриженост“, изјави Келин.
Тој додаде дека средбата ќе биде „на ниво на постојани претставници и амбасадори“.