Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2017

Во Русија се одржаа масовни антикорупциски протести

0

Ројтерс

На 26 март низ цела Русија беа одржани протести против корупцијата. Најголемиот се одржа во Москва на главната улица на престолнината – Тверскаја. Според процените на МВР на него присуствувале 7-8 илјади лица, а организаторите не го соопштуваат бројот на демонстрантите.

Акцијата претставува одговор на граѓаните на молкот на властите кои не го искоментираа истражувањето на „Фондот за борба со корупцијата“ и на опозиционерот Алексеј Наваљни за премиерот Дмитриј Медведев и за наводната тајна корупциска империја во износ од 1.2 милијарди американски долари. Поголемиот дел од протестите не биле најавени, меѓу кои и оној во Москва, што предизвика масовни притворања и судири со полицијата. Само во Москва се приведени околу 850 лица.

Ројтерс

Од моментот на објавувањето, филмот со наслов „Тој не ви е Димон“ на социјалните мрежи го прегледале 13 милиони лица или 9% од населението на земјата. Неколку дена пред протестите московската полиција ја симна од себе сета одговорност за она што може да се случи на недозволените настани, а четири часа пред почетокот на протестот на улицата беа поставени специјални транспортери и автобуси со единиците за брза реакција (ОМОН). Како обични шетачи демонстрантите се движеа кон Кремљ. Тие не сакаа судири, повикувајќи „да не се прават нагли движења“, остро реагираа на секоја споредба со Мајдан и не се фотографираа со ОМОН.

Што сакате?

„Како ќе ги познаеме нашите? Власти се или не?“, овие прашања најчесто се слушаа во незадоволната толпа 15 минути пред почетокот на протестите. Луѓето излегуваа од метро, ги гледаа во тилот луѓето и одеа по нив, гледајќи со недоверба кон полицијата.

Ројтерс

„Погледнете, ова е за корупцијата? Ние сме против“, со чудење рече една постара дама во капут, покажувајќи на полицајците кои со затегнатост гледаа на ова стихијно собирање.

Кај овој народен собир немаше никакви акции кои се стандардни за лидерите на опозицијата, кои обично ја предводат толпата, ниту мегафони, ниту јасен план за дејствување. Да се движат или да стојат, да чекаат некого или не – никој не знаеше.

Многумина гледа на директните вклучувања од други точки на Тверскаја. „Ене на Пушкинскиот плоштад фатија едно момче, стоело со плакат 'Корупцијата убива', гласно им раскажува еден маж на луѓето околу себе, држејќи селфи-стап со голем смартфон. Набргу се собраа околу него, сметајќи дека има најмногу информации. Од свои пресметки еден човек од толпата почна да раскажува дека 500 луѓе во марица не можат да влезат.

„Што сакаме? Сакаме да се бориме или што?“, заинтересирано праша едно момче-интелектуалец.

„Ние сме едно – разговорот со властите е прекинат. Сакаме промени. Не ветувања. Прво за што сме дојдени е оставка на владата, не само на Медведев“.

Од другата страна се слушна барање веднаш да се определи „дали е Крим наш или не е“, но иницијативата беше брзо згасната, со предлог тие работи да се остават за потоа, зашто сега тоа не е важно.

Ројтерс

Во толпата стоеше маж со мајка си пензионерка и молкум слушаше.

„Сите ние бараме одговор на филмот што го пушти Наваљни. Медиумите молчеа, власта молчи, како ништо да не се случило. А, тоа многу е вистинито. Зошто тие ништо не негираа, зошто не го дадоа Наваљни на суд за клевета ако е тоа лага?“, ми рече човек кој се претстави како инженер-еколог Олег. „Моите родители работат, иако се во пензија. Зашто пензијата не им е доволна ни за храна. Власта ни предлага да трпиме, па нека објасни за што? Нека објаснат барем нешто.

Во тој момент во толпата се слушна повик „Одиме!“ и луѓето покрај полицијата почнуваат смело да се движат кон Кремљ. Олег со мајка си, без размислување, исто така тргнува.

- Не се плашите од судири сега?, прашувам јас.

- Доста беше плашење, се изморивме од плашење. Треба нешто да се преземе.

Ќе се жртвуваме за идејата

На Пушкинскиот плоштад, некаде 2.5 километри од Кремљ, толпата е толку голема што тешко се движи по тротоарот: да се излезе на улица не дозволува полицискиот кордон. Движењето на автомобилите е делумно парализирано, возачите им свират на демонстрантите. На небото патролира хеликоптер. Преку мегафон на луѓето им предлагаат да одат со метро во паркот Сокољники, на крајот од Москва (градските власти ја предложија оваа локација за протестите, но организаторите одбија). Но, никој, се чини, не го послуша овој совет.

Ројтерс

„Дечки, ова е замка!“, извика едно момче. Но, никаква замка немаше. Едноставно имаше многу луѓе. Заедно со полицијата нè надгледуваат и редарите, кои се задолжени за редот на митингот. Дознаваме дека тие имаат инструкции „во случај на нешто“, но која е нивната основа не сакаа да ни кажат и ни рекоа да се тргнеме некаде настрана.

Во толпата има многу студенти и голем дел од нив уверуваат дека не се тука за Наваљни, „ами за идеја“. Во тој момент на телефонот се појавува порака дека Наваљни е уапсен. Демонстрантите на патот превртуваат автомобил пред автобусот со уапсениот политичар за да не го одведат, па ОМОН применија пендреци. Оваа вест брзо се проширува.

„Дојдов за да добијам каква било реакција, зашто тие ништо не кажуваат. Искрено, тоа многу фрустрира, луѓето плаќаат даноци, а со даноците тие (властите) живеат, во најмала рака, предизвикувачки“, вели студентот Константин од Вишата школа за економија.

Ројтерс Ројтерс Ројтерс Ројтерс

Уште двајца студенти пцујат и почнуваат да снимаат како на спротивната страна ОМОН носи некој за нозе и за раце во марица.

- Зошто сте вие тука?.

- Тука сме како и другите, за да добиеме одговор. Ова е наш прв протест, дојдовме откако видовме на социјалните мрежи. Ако не добиеме одговор, повторно ќе дојдеме.

- А, ако одговорот не ви се допадне? – прашувам јас.

- Не знаеме... не сме размислувале за тоа. Едноставно е супер што сиве овие луѓе не останале дома. Одамна вакво нешто немало.

Како ги оценувате протестите?

Константин Калачев, раководител на независната „Политичка експертска група:

Беа многу успешни, и во случајов не станува збор за бројот на присутните. Многу добро знаеме дека сите што се дојдени на неодобрен митинг ризикуваат многу. Гледаме дека на протестите доаѓаат млади. Тоа е лош сигнал за власта. Младината не се чувствува удобно, а Наваљни успешно го искористи тоа. Тоа е повод за размислување. Сосема е очигледно дека Дмитриј Медведев е само повод. Ова поколение, за разлика од постарото, не ја цени стабилноста, ами промените.

Сергеј Марков, генерален директор на Институтот за политички истражувања, близок до Кремљ:

Станува збор за десетина градови и за десетици илјади луѓе вкупно. Можеме да зборуваме за зацврстување на Наваљни како лидер на антисистемската прозападна опозиција во Русија. Се случи нагла политичка преориентација кај младите, што има не избирачко, ами улично значење. Кај нас гласаат пензионерите, а на улиците се младите. И се случува формирање мрежа млади луѓе кои се подготвени за улични судири. За последиците сега е тешко да се зборува. Може да се случи како зајакнување, така и либерализација, зашто забраната за протести во центарот на Москва е поради некако измислени причини (протестот ќе предизвика неудобност за жителите), ги потиснуваа на крајот од градот вештачки, имаше во тоа провокација.

 





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Бато Багдаев

В Бурчтии в театре кукол «Ульгэр» 14-16 июня пройдут «Волшебные выходные»! - Театр и Цирк, Культура и Концерт, Россия и Дети




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы


Уимблдон

Экс-теннисист Ольховский: россияне могут хорошо выступить на Уимблдоне



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Минздрав: медучреждения Подмосковья обеспечены противоботулинической сывороткой



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России